Ренова запиша важна победа од 2-3 на гостувањето против Шкупи во 21. коло од Првата македонска фудбалска лига.
А, натпреварот, без сомнение, го одбележа евро-голот на Флоријан Кадриу во 43. минута, за во тие моменти израмнување на резултатот на 1-1.
Претходно, домашните поведоа со голот на Бразилецот Сержињо во 24. минута.
По израмнувањето на Кадриу, веќе во 45. минута со голот на Илирид Адеми, Ренова уште пред полувремето стигна до предност од 1-2.
Во второто полувреме Флоријан Кадриу во 65. минута стрелаше за уште еден гол на Ренова, а домашните во 77. минута со вториот гол на Сержињо единствено успеаја да го ублажат поразот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

