Без предност за ниту една од екипите на четирите натпревари од денешното 32. коло во Првата македонска фудбалска лига. А голови само во Струга и на Чаир на дуелите кои може и дефинитивно да одлучат која екипа ќе ја избегне и позицијата за бараж за опстанок во елитното друштво.
На натпреварот во Струга, домашната Струга ТЛ поведе со голот на Кехинде во 19. минута, но АП Брера израмни веќе во 23. минута со погодокот на Нзенгуе.
Без предност, со по еден гол на двете страни, е и на Чаир каде Шкупи и Тиквеш играат 1-1. На овој дуел поведе Тиквеш со голот од пенал на Миловановиќ во 39. минута…
Но, Шкупи израмни со евро-голот на Имери од 30 метри во 42. минута.
Нема голови на натпреварите во Скопје меѓу Работнички и Вардар и во Кратово меѓу Силекс и Пелистер.
ПРВА ЛИГА – 32. коло (прво полувреме)
Скопје: РАБОТНИЧКИ – ВАРДАР 0-0
Кратово: СИЛЕКС – ПЕЛИСТЕР 0-0
Скопје: ШКУПИ – ТИКВЕШ 1-1
Имери 42′ – Миловановиќ 39′(п)
Струга: СТРУГА ТЛ – АП БРЕРА 1-1
Кехинде 19′ – Нзенгуе 23′
БЕСА – ВОСКА СПОРТ 3-0 (службено)
ГОСТИВАР – ШКЕНДИЈА 0-3 (службено)
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

