ЕКИПА во Хрватска,
Стеван Цаневски
Македонските навивачи, и покрај еуфоријата во очекување на дебито на националниот тим на Светското првенство 2025, не забораваат за трагедијата која утрово го затекна македонскиот спорт со смртта на една од најголемите легенди на македонскиот ракомет Александар Јовиќ.
Секој поединец од македонската „Фаланга“ во Вараждин се потсетува и на моментите кои Јовиќ ги мина со националниот тим.
Од навивачката група „Чкембари“ со транспарент потсетија дека Јовиќ, неговиот лик и дело кое го остави за македонскиот спорт, никогаш нема да бидат заборавени…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА