Македонскиот репрезентативец Давид Бабунски го постигна својот деби-гол во дресот на шкотскиот премиерлигаш Данди јунајтед, и тоа на феноменален начин.
На дуелот од Лига купот на Шкотска, Данди јунајтед дојде до предност од 1-0 против екипата на Еир уште во 17. минута од средбата, и тоа благодарение само на македонскиот фудбалер.
Бабунски директно од слободен удар и тоа речиси од мртов агол, од левата страна, стрелаше во самиот агол од голот на противниците, изненадувајќи го голманот Стоун.
Страшен гол на Бабунски за Данди. pic.twitter.com/i71ZwuVYwk
— 24fudbalᅠᅠᅠᅠᅠᅠᅠᅠᅠᅠᅠᅠᅠᅠᅠᅠᅠᅠᅠᅠᅠᅠᅠᅠᅠᅠᅠᅠᅠᅠᅠᅠᅠᅠᅠᅠᅠᅠᅠ (@24Fudbal) July 20, 2024
Babunski delivery for 1st goal. 🧡🖤 pic.twitter.com/9J6ubUQ8ZN
— Adam (@abrown1974) July 20, 2024
Во првиот тим на Данди јунајтед е и довчерашниот фудбалер на Шкупи, Кристијан Трапановски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА