Погодоци на натпреварите во Штип, Кавадарци и во Струга по првите 45 минути од 1. коло во Првата македонска фудбалска лига.
Новата сезона стартуваше со одличен натпревар на Градскиот стадион во Штип со три прекрасни погодоци во мечот во кој Брегалница има предност од 2-1 по првото полувреме.
Штипјани дојдоа до предност со голот на Димитриј Димитриевски во 23. минута а на асистенција на неговиот брат-близна Михаил Димитриевски.
Силекс израмни во 26. минута со голот на Милосављевиќ…
А, најубавиот момент во првите 45 минути следеше во 32. минута и феноменалниот гол на Колин Андерсон кој по соло акција од 40 метри на мајсторски начин со извонреден шут погоди под гредата од голот на Силекс за водство на Брегалница од 2-1.
На дуелот во Струга, актуелниот шампион Струга ТЛ има предност од 1-0 благодарение на голот на Марјан Радески во 22. минута, кој одличната гол-форма од европската сцена ја пренесе и на домашната фудбалска сцена.
Уште само Тиквеш има предност на полувремето од 1-0 против Македонија ЃП со голот на Ивановски во 42. минута од средбата.
ПМФЛ – 1. КОЛО (прво полувреме)
Охрид: ВОСКА – ШКЕНДИЈА 0-0
Струмица: АП БРЕРА – ВАРДАР 0-0
Штип: БРЕГАЛНИЦА – СИЛЕКС 2-1
Д. Димитриевски 23′, Андерсон 32′ – Милосављевќ 26′
Струга: СТРУГА ТЛ – ГОСТИВАР 1-0
Радески 22′
Кавадарци: ТИКВЕШ – МАКЕДОНИЈА ЃП 1-0
УТРЕ (17 ч.)
Скопје: РАБОТНИЧКИ – ШКУПИ
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА