Фудбалерите на Пелистер, сосема очекувано, триумфираа убедливо со 0-3 на гостувањето против Шкупи во последниот натпревар од 14. коло во Првата македонска фудбалска лига.
„Пелистерци“ на тој начин ја забележаа и втората едноподруго победа во шампионатот, по онаа претходната над Брера, со што се одлепија од последните две позиции на табелата.
Петковски во 58.минута а потоа и Ристевски во 74. минута донесоа водство за Пелистер од 0-2, но момент на мечот дефинитивно беше погодокот на Булатовиќ во 81. минута за конечни 0-3. Извонреден погодок кој, како потег, се издвои на натпреварот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

