ВИДЕО: Феноменален гол на Елези – Надежите водат против Шведска во Битола!

Младата репрезентација на Македонија за фудбалери до 21 година има предност од 1-0 уште во раната фаза од натпреварот против Шведска во 5. коло од Групата Е во квалификациите за ЕП.

Македонија поведе по извонредна акција на избраниците на Горан Станиќ, почната од својата половина од Данев, преку Трајков, а со нафрлање на Хамза од левата страна и која на феноменален начин ја заокружи Елези со првиот свој во седмиот настап за националниот тим.

Феноменален гол на Елези кој од прва со волеј удар ја зафати топката по центаршутот на Хамза и ја смести во мрежата од голот на Швеѓаните…

Се вчитува...