ВИДЕО: Феноменален гол на Самарџиќ, Србија извлече реми во Австрија…, Белгија убедливо поразена од Украина

Во првите натпревари од разигрувањето за пополнување на местата во А-дивизијата од Лигата на нации, Србија одигра без победник (1-1) на гостувањето против Австрија во Виена.

Австријците први поведоа со голот на Грегорич во 37. минута.

Но, Србите со феноменалната „бомба“ на Самарџиќ во 61. минута успеаја да израмнат за конечни 1-1, и поволен резултат пред реваншот за три дена во Белград.

Во останатите натпревари за пополнувањето на местата во А-дивизијата од Лигата на нациите во следната сезона, Шкотска славеше на гости со Грција со 0-1, а Украина беше убедлива со Белгија, која е протвник на Македонија во квалификациите за СП 2026, победувајќи со 3-1.

Се вчитува...