Аријан Адеми не можеше да посака подобро враќање на фудбалските терени… За само пет минути откако влезе во игра на дуелот против Лихтенштајн, во 68. минута реализираше мајсторски слалом со гол прославувајќи го враќањето на терените!
А, веднаш потоа во прегратките на сите соиграчи и комплетниот стручен штаб го прослави погодокот и враќањето на терените со солзи радосници…
Претходно во 65. минута, Македонија зголеми на 3-0 по одличното нафрлување на Трајковски кое мајсторски го реализираше Енис Барди…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА