Силекс и Брегалница одиграа неверојатен дерби натпревар во Кратово во рамките на 30. коло од Првата македонска фудбалска лига, кој на крајот со 3-2 им припадна на домашните благодарение на двата погодоци во 90. и во 92. минута.
Во првото полувреме, Силекс дојде до водство од 1-0 со голот на Игор Филиповиќ во 12. минута…
Но, вистинските возбудувања следеа во вториот дел. Најпрво Брегалница израмни со голот на Бобан Георгиев во 67. минута…
Потоа, во 79. минута Ристе Наумов донесе пресврт за штипјани и водство од 1-2…
И кога се чинеше дека Брегалница ќе запише големи три бода во битката за опстанок, следеше шокот. Најпрво во 90. минута Глигор Глигоров израмну на 2-2, а во 92. минута Додев го донесе толку посакуваниот триумф за Силекс…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА