Македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ одбележа квалитетна партија заокружена со 8 поени, три асистенции и два скока во триумфот на Хувентуд од 85-82 против Дарушафака во Еврокупот.
Шпанците до победата дојдоа со звукот на сирената благодарение на тројката на Препелиќ. Димитријевиќ мина 16 минути на паркетот, притоа и со потег издвоен и од официјалната страница на Еврокупот, „фенси“ асистенцијата во последниот период од играта…
Fancy assist @Neno_D7 ! Sweet finish @KeremKanter! @Penya1930 on the charge!#7DAYSMagicMoment pic.twitter.com/qh72M9Va7X
— 7DAYS EuroCup (@EuroCup) October 16, 2019
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА