ВИДЕО: Филиповски со екстра-гол по само 18 секунди, Жуниор врати со „бомба“…

Силекс и Шкендија ремизираа (1-1) во Кратово во 28. коло од Првата македонска фудбалска лига, во динамичен, интересен натпревар, од кој и двете екипи можеа да заминат победнички. Но, на крајот останаа да се „радуваат“ на ремито…

И, се на дуелот се случи во првите две минути од второто полувреме. Најпрво Кристијан Филиповски постигна прекрасен гол со шут од 16 метри по само 18 секунди од стартот на вториот дел…

Но, радоста на кратовци кратко траеше откако Жуниор веќе во следната минута со „бомба“ од 20 метри израмни на 1-1…

Се вчитува...