Најверната навивачка група на Пелистер, популарните „Чкембари“ оваа година слават 40 години од своето формирање.
Една од најголемите и највлијателни навивачки групи во Македонија, синоќа низ улиците на Битола приреди вистински спектакл, обојувајќи го градот во боите на Пелистер.
Без сомнение, прекрасна фешта на „Чкембарите“ кои со своите пиротехничко шоу привлекоа и голем број граѓани на Битола на улиците во градот на конзулите, поздравувајќи го 40-от роденден на навивачката група!
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

