Македонските репрезентативци на најдобар можен начин го заокружија гостинскиот октомвриски циклус во Лигата на нациите со две убедливи победи над Летонија во Рига и против Ерменија во Ереван.
Токму затоа и сосема очекувано беше славјето на македонските репрезентативци веднаш по феноменалната победа под Арарат со која Македонија чекори кон промоција во Б-лигата од УЕФА Лигата на нациите.
Македонија само чудо може да ја оддалечи од првото место во групата, па вечерва селекторот Боби Милевски и неговите пулени очекувано на теренот останаа да ги поздрават македонските фанови кои беа на трибините на „Вазген Саргсјан“ во Ереван.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА