ВИДЕО: Фудбалер на Силекс во солзи го напушти теренот по добиен црвен картон против Вардар

Фудбалерот на Силекс, Дарко Додев во солзи го напушти теренот во Кратово на мечот против Силекс, откако доби црвен картон во 26. минута од средбата.

Додев најпрво заработи жолт картон, а потоа судијата Стојчевски му го покажа и патот кон соблекувалната. Во миговите кога го напушташе теренот, Додев не можеше да ги задржи солзите.

Фудбалерите на Силекс и Додев негодуваа, но залудно. Стојчевски остана на својата одлука.

Инаку и во Тетово имаше црвен картон, откако беше исклучен Имран Фетаи од Шкендија, па таму тетовскиот тим игра со 10 играчи.

Погледнете ја оваа сцена во Кратово низ видео:

Се вчитува...