ВИДЕО: Фудбалер во Бразил погоден од гром среде натпревар

Бразилскиот фудбалер Хенрике за малку тешко ќе настрадаше откако среде натпреварот на тимовите до 20 години на Аква Санта и Атлетико Минеиро во Бразил го погоди гром.

Мечот беше игран под големо невреме во текот на сите 90 минути, па судијата постојано го прекинуваше и продолжуваше истиот. Две минути пред крајот на дуелот, при 1-0 за Минеиро гром го погоди и го повреди несреќниот Хенрике.

Повредениот фудбалер веднаш беше префрлен во болница, но според информации за кратко време е пуштен откако е утврдено дека за среќа нема посериозни последици по неговото здравје.

Се вчитува...