Македонскиот напаѓач Георг Стојановски повторно е стрелец за Спартак Варна на крајот од есенскиот дел во најсилната лига во Бугарија.
Во „македонската“ пресметка, Спартак Варна на чија клупа е легендарниот македонски стратег Ѓоко Хаџиевски загуби со 1-3 од Левски, во чии редови настапува репрезентативецот Никола Серафимов, но овој пат остана на клупата за резервни фудбалери.
Гостите имаа предност од 0-3, а Георг Стојановски стрелаше во 86. минута за конечни 1-3 и почесен гол на својот тим.
Стојановски полусезоната ја заврши со два постигнати гола и три запишани асистенции за својот тим.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

