ВИДЕО: Глетка кого никого не остави рамнодушен – Кошаркарите на ПАО и Басконија заедно се молеа за Лесор

Спортот, без сомнение, ја победува секоја поделба, во моментите кога е неопходно да се покаже солидарноста со болката од спротивната страна.

Кошаркарите на Басконија вечерва покажаа што значи да се биде пред се човек, вистински спортсмен, солидазирајќи се со болката на кошаркарите на Панатинаикос кој победата во Евролигата ја забораваат поради тешката повреда на Матијас Лесор.

Лесор заработи скршеница на ногата во третата четвртина. На крајот од мечот домашните кошаркари застанаа заедно на центарот од теренот да се молат за Лесор, а нив веднаш им се приклучија и гостинските кошаркари од Басконија. Глетка кого никого не остави рамнодушен…

Се вчитува...