ВИДЕО: Ѓоковиќ беснееше на терен како никогаш досега, па доживеа шокантен пораз од Италијанецот Мусети во Монте Карло

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ загуби во осминафиналето на АТП Мастерсот во Монте Карло од Италијанецот Лоренцо Мусети во три сета, со 6-4, 5-7 и 4-6.

Дождот денеска го прекинуваше мечот во Монте Карло, кој мина со голема нервоза кај Ѓоковиќ, се чини, како никогаш досега во неговата кариера.

Ѓоковиќ го доби првиот сет со 6-4, но се потоа беше надвор од негова контрола. Мусети ја користеше секоја негова грешка што предизвика огромна нервоза кај Новак, па во еден момент со нога го уништи и рекетот покрај клупата.

Го загуби Ѓоковиќ вториот сет со 5-7, а нервозата беше очигледна и преку некои други реакции кога не можеше да поверува, оправдано, какви грешки правата судиите.

На крај, со 4-6 по голема борба го загуби и третиот сет за пораз во осминафиналето на АТП турнирот во Монте Карло.

Се вчитува...