Дарко Чурлинов се уште сонува за трансфер назад во Шалке, но македонскиот репрезентативец во меѓувреме одлично ги користи и шансите што ги добива во Штутгарт во текот на овој подготвителен период.
„Швабите“ попладнево ја совладаа Валенсија со 5-2, Чурлинов влезе во игра на стартот од второто полувреме и нашиот интернационалец имаше извонредна асистенција при четвртиот гол за својот тим, откако маестрално го проигра Переа, кој немаше тешка задача од непосредна близина да го совлада голманот на Валенсија.
Одличното издание на македонскиот репрезентативец беше заокружено со голот што тој самиот го постигна во самиот финиш, за „петарда“ во мрежата на Валенсија.
4:2!! Juan José #Perea mit seinem ersten Tor vor der Cannstatter Kurve (58‘). ❤️❤️❤️ Stark, Jungs!!!#VfB | #VfBVCF 4:2 pic.twitter.com/9pR8lcEChp
— VfB Stuttgart (@VfB) July 23, 2022
2 Assists + 1 Tor = Darko #Churlinov 💪💪💪 #VfB | #VfBVCF 5:2 pic.twitter.com/kgYVam5UWH
— VfB Stuttgart (@VfB) July 23, 2022
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

