Шкупи стигна до три бода на дуелот против Работнички во Ѓорче Петров славејќи со 0-1.
Стрелец на единствениот гол за Шкупи беше Бесир Исени во 43. минута од средбата…
Но, вистинските возбудувања се случија во финишот на дуелот. Работнички имаше можност да стигне до бод, но Филип Ивановски не реализира пенал, откако гостинскиот голман Зендели го одбрани неговиот удар.
А по самото завршување на мечот, неслужбено лице од гостинскиот табор, очигледно незадоволно од претходно досудениот пенал, физички го нападна главниот судија Зоранчо Темелков…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА