Оние малубројни гледачи на нашиот најголем стадион имаа можност да уживаа во убава фудбалска претстава од 16. коло во ПМФЛ во која Работнички славеше против Македонија ЃП со 5-1.
Ревија на прекрасни погодоци почната од Петар Петковски кој сервираше уште еден свој раритет во 29. минута за водство од 1-0 на Работнички…
Веднаш потоа и 2-0 во 31. минута со автоголот на Мишевски…
Во второто полувреме, Филип Петковски погоди за водство од 3-0…
За да потоа следи прекрасниот гол на нововлезениот Илирид Адеми кој испрати вистинска „бомба“ од 20 метри за 3-1.
Но, со „бомба“, овој пат директно од слободен удар, возврати и Херера на спротивната страна…
За да конечните 5-1 ги заокружи Петар Петковски во самиот финиш со уште еден гол по прекрасна акција на домашните.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

