ВИДЕО: Голеадата во Ѓорче – Шкендија со предност од 1-3 против Работнички

Шкендија е пред триумф на гостувањето против Работнички во Ѓорче Петров по водството од 1-3 на полувремето од 5. коло во Првата македонска фудбалска лига.

Во првите 35 минута тетовци дојдоа до предност од 0-3… Најпрво со голот на Хасани од пенал во 7. минута, па потоа со автоголот на Илиев дојдо и до 0-2, а Благоја Тодоровски во 34. минута зголеми на 0-3.

Работнички со голот од пенал на Кире Маркоски во 38. минута ја намали предноста на 1-3.

Дополнителен проблем за „романтичарите“ претставува и исклучувањето на Филип Дурански уште од 6. минута, откако играше со рака пред својот гол, по што беше досуден и пеналот за гостите…

Се вчитува...