Брегалница и Силекс одиграа 3-3 во Штип во 21. коло од Првата македонска фудбалска лига.
Во голеадата на Градскиот стадион во Штип, и двата тима се разменуваа постојано во водство за на крајот да ремизираат.
Најпрво Игор Недељковиќ ги донесе гостите до водство од 0-1 во 19. минута, за да потоа следи евро-погодокот на Бобан Георгиев кој со вистинска мајсторија со ножички израмни на 1-1 во 37. минута.
Во второто полувреме, Ристе Наумов ги донесе домашните до водство од 2-1, потоа израмни Антонио Каланоски во 71. минута со удар од белата точка, за да водство на Силекс од 2-3 донесе Филип Тимов во 84. минута. Конечните 3-3 ги постави Дарко Стојанов во 91. минута…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА