Вардар во есенскиот дел славеше 2-1 со пресврт во последните минути против Победа во Скопје, а сега доживеа без малку сосема идентичен пораз во 21. коло од ПМФЛ на дуелот кој се играше во Охрид.
Имаа „вардарци“ предност по првото полувреме, но со два гола на Дејан Цветаноски во последните 15 минути, Победа стигна до значаен триумф.
Најпрво Цветаноски погоди во 74. минута за израмнување…
А, потоа кога Вардар тргна на триумф, прилепчани шокираа со гол од контранапад, втор на Цветаноски, сето тоа за огромна еуфорија меѓу „црвените“…
Претходно, во првото полувреме Бобан Грнчаров донесе предност за составот на Гоце Седлоски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА