Боливар славеше победа од 3-1 над Сан Хосе во боливискиот шампионат, а најдобриот момент од натпреварот го украде голманот на домаќинот во завршните мигови од средбата. Фудбалерите на Сан Хосе во обид да постигнат израмнувачки погодок го оставија својот гол празен, а откако Матијас Дитуро ја прифати топката, упати дегажман директно на противничката половина.
Топката се стркала до празната мрежа и беше поставен конечниот резултат, 3-1.
https://www.youtube.com/watch?v=wnz4IRi3j2Q
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА