ВИДЕО: Голманот на Борец со огромен кикс им подари гол на „лавовите“

Голманот на Борец, Давид Димитриевски имаше огромен кикс на мечот со Македонија ЃП. Младиот чувар на мрежата на велешани, во 94 минута наместо да изреагира и да ја расчисти топката, му ја подари само на Симеон Христов, кому тоа му беше втор гол за конечен триумф од 0-2.

Христов претходно во 60. минута од мечот успеа да донесе 0-1, после една акција која течеше по десната страна.

Погледнете ги двата гола, и огромниот кикс на голманот на велешани.

Се вчитува...