ВИДЕО: Голот од пенал за триумф на Вардар, кратовци се жалат за поништен регуларен гол

Вардар по шестте претходни кола во кои дојде до само пет бода во шампионатот, се вратија на победите триумфирајќи минимално со 0-1 на гостувањето против „фенерџијата“ Силекс во Кратово во 16. коло од Првата македонска фудбалска лига.

Единствениот погодок беше дело на Дарко Мицевски кој прецизно стрелаше од пенал уште во 10. минута од средбата, по претходно оправдано покажаниот удар од белата точка…

Кратовци, се чини, имаа повеќе од играта, напаѓаа, создаваа шанси, но не успеаја да реализираат. По мечот остана незадоволството на фудбалерите на Силекс кои сметаа дека се оштетени поради поништениот погодок на Бобан Георгиев во 32. минута поради офсајд позиција…

Се вчитува...