Младата репрезентација на Македонија за фудбалери до 21 година ја запиша првата победа во квалификациите за ЕП, триумфирајќи со 2-1 против Ерменија на дуелот во Битола, и тоа благодарение на фудбалерот на Работнички, Димитар Трајков.
Трајков ги постигна двата гола за македонската селекција во вториот дел, откако Ерменците имаа предност од 0-1 на полувремето.
Но, посебно ќе се зборува за вториот погодок во 83. минута кога речиси од половина терен постигна комичен погодок благодарение и на противничкиот голман и неговиот кикс кој дозволи топката да го прескокне на наше задоволство за победа од 2-1…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

