ВИДЕО: Головите од победата на Македонија ЃП против Гостивар

Фудбалерите на Македонија ЃП триумфираа со 1-2 на гостувањето против Гостивар во пријателскиот натпревар за време на паузата во шампионатот поради настапите на репрезентациите.

„Лавовите“ победија со пресврт откако Гостивар поведе во 30. минута со погодокот на Емран Рамадани.

Но, во второто полувреме погодија Попзлатанов во 53. минута и Пецов во 59. минута за пресврт-победа на Македонија ЃП од 1-2.

Се вчитува...