ВИДЕО: Ѓорѓиев со два гола, еден од слободен удар, го реши Шкупи

Брегалница има предност од 2-0 против шампионот Шкупи во дербито на 6. коло од Првата македонска фудбалска лига.

Штипјани до предност од 1-0 дојдоа со првенецот на Ѓорѓи Ѓорѓиев во 77. минута кој погоди од слободен удар, но со помош и на гостинскиот „жив-ѕид“…

Веќе во 85. минута и 2-0 за Брегалница. Дарко Додев одлично шутираше, а на одбиената топка од гостинскиот голман Наумовски натрча Ѓорѓиев за водство од два гола.

Се вчитува...