Младата репрезентација на Македонија води на полувремето со 1-0 против Црна Гора во последниот натпревар од квалификациите за пласман на ЕП 2020.
Составот на Благоја Милевски беше далеку подобар од противникот, сосема заслужено стигнувајќи до предност со голот на Марко Ѓорѓиевски во 13. минута од средбата.
Низ првите 45 минути македонската селекција имаше одлични можности и преку Миовски и повторно Ѓорѓиевски во 41. минута, но гостинскиот голман успеа да спречи повисока предност за Македонија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА