ВИДЕО: Грешка на гостиварци, Мазари не простува – Работнички води во дербито!

Работнички води против Гостивар со 1-0 во дербито на 10. коло од Првата македонска фудбалска лига.

„Романтичарите“ на арената „Тодор Проески“ до предност дојдоа во 15. минута со погодокот на Адхе Мазари.

Голема грешка на одбраната на Гостивар, подарувајќи топка до Мазари, кој со одличен шут од 16 метри прецизно шутираше за водство од 1-0.

Се вчитува...