„Грмат“ македонските зурли и тапани во фан-зоната во центарот на Краков. И тоа како македонските навивачи се загреани пред денешниот натпревар со Холандија на СП 2023, во очекување и на првата победа на националниот тим.
На околу 1.000 Македонци кои деновиве се во Краков а пристигнаа од Македонија, денеска се приклучија и стотици Македонци од европските држави. Бројни Македонци, кои живеат и работат во Чешка, Словачка, Австрија, Германија… допатуваа во Краков во желбата да го следат настапот на македонските ракометари на шампионатот во Полска.
Сите едногласно во желбите Македонија да извојува барем една победа во следните два натпревари на СП 2023 и да се избори за настап во главната фаза од мундијалските возбудувања…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА