Битката на теренот на големото српско дерби меѓу Црвена Звезда и Партизан заврши без ниту еден постигнат гол, но многу „пожешко“ беше во пресметката на двете навивачки групи во пресрет на натпреварот.
Вкупно стотина навивачи на „Гробари“ и „Делије“ се пресметаа во Белград, како „увертира“ за вечното дерби, летаа тупаници на сите страни, за една минута подоцна да реагира полицијата и двете групи да побегнат од местото на инцидентот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА