Партизан со триумф над Црвена Звезда во петтиот меч од финалната серија дојде до седмата титула во АБА лигата.
Носени на крилјата на своите најверни навивачи „Гробарите“ во текот на целиот натпревар, Партизан успеа да дојде до посакуваната победа. Па, по завршувањето на мечот, навивачите на Партизан веднаш се спуштија на терен славејќи ја титулата со своите миленици.
Факт е дека Белград долго ќе го памети навивањето на денешниот дуел. А, „Гробари“ запишаа и рекорд кој се чини долго нема да биде соборен во АБА лигата. Вечерашниот натпревар го следеа дури 21.195 навивачи, апсолутен рекорд на сите времиња кога станува збор за ова натпреварување.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА