ВИДЕО: Хет-трик на Јамал, веќе дојде до 100 голови и асистенции во својата кариера!

Барселона триумфираше со 4-1 против Виљареал во 26. коло од шпанската Ла Лига, благодарение на хет-трикот на неверојатниот Ламине Јамал.

Се беше јасно на дуелот уште во првото полувреме, откако Јамал постигна гол во 28. минута за 1-0, а потоа погоди и во 37. минута за 2-0.

Откако гостите ја намалија предноста, Јамал постигна и трет гол во 69. минута за 3-1.

Со овие три гола, Јамал веќе стигна до вкупно 100 голови и асистенции во својата кариера, клупска и репрезентативна, од кои има 48 голови и 52 асистенции на официјални натпревари.

Во последните мигови од средбата Левандовски се запиша во листата на стрелците за конечни 4-1.

Се вчитува...