ВИДЕО: „Хорор-повреда“ во НФЛ лигата…, една од најтешките видени во историјата!

Ален Харнс ја доживеа една од најтешките повреди видени во историјата на НФЛ лигата… Мечот меѓу Сиетл и Далас резултатски комплетно падна во втора план по „хорор-повредата“ која ја заработи уште во седмата минута играчот на Далас.

При обид да ја пробие одбраната на Сиетл, Харнс загуби рамнотежа, незгодно падна по што беше нагмечен од противничкиот играч па неговиот зглоб комплетно се измести. Повеќе од тешка повреда која, без сомнение, ќе остави силни траги за Ален Харнс.

Судиите веднаш го прекинаа потоа натпреварот. Паузата траеше повеќе од 20 минути и поради шокот од глетката за поголемиот дел актери на мечот и од двата тима.

Натпреварот беше пренесуван на Фокс но режисерот одлучи снимката од страшната повреда воопшто да не се прикажува. На крајот, Далас славеше победа од 24-22.

 

Се вчитува...