Килијан Мбапе постигна два гола во победата од 3-0 на неговиот тим Реал Мадрид на гостувањето кај Овиедо, новиот член на Ла Лига. Овиедо воопшто не се исплаши од големината на противникот, напротив, на моменти го надигруваше, а имаше и неколку добри шанси.
Првиот гол на Мбапе беше во крајна мера контроверзен, спорен. Во 37. минута Чуамени со лизгачки старт одзеде една топка, домашните бараа прекршок, но не го добија, а потоа топката од Гулер до Мбапе, кој одлично реагираше и го матираше домашниот голман.
Во 82. минута од средбата Овиедо погоди статива, а потоа минута подоцна една грешка на средината на теренот, и одземена топка од Винициус, и асистенција до Мбапе, ги чинеше втор гол во мрежата за тогаш недостижни 2-0.
Сепак, Овиедо не се предаде, имаше уште една одлична шанса, и да не беше на голот Куртоа, сигурно дека домаќинот ќе постигнеше гол кој го заслужи.
Винициус успеа потоа да постигне гол во 93. минута од средбата, и да ја потврди победата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

