ВИДЕО: Хрватски голман постигна гол со волеј во судиското продолжение

Хрватскиот голман Иван Сушак постигна гол во натпреварот од 13. коло на Сингапурското првенство.

Хрватскиот голман стрелаше по корнер во судиското продолжение, со одличен волеј удар, стрелајќи за 3-3 и со тоа им донесе бод на своите Лав Сити Сејлорс во натпреварот со Албирекс Нигата.

Сушак го напушти Славен Белупо ова лето по четири години и 85 настапи во хрватската лига, а со Лав Сити е на врвот на Сингапурското првенство. Сушак е роден во Метковиќ, а во својата сениорска кариера играше за Сесвете, Трње, Дуго Село, Загорец Крапина, Чешке Будејевице, Рудеш и Марибор.

Се вчитува...