Многу тензија, судиски грешки и огромно незадоволство на двете страни донесе денешниот натпревар од 13. коло во Првата македонска фудбалска лига меѓу Тиквеш и Гостивар во Кавадарци кој заврши, на крај, без победник – 2-2.
Но, право за револт очигледно имаат и гостиварци кои по мечот искажаа незадоволство од фактот што Тиквеш до ремито во 91. минута дојде од офсајд позиција. Стрелецот на голот за реми (2-2) Ивановски беше во недозволена позиција во моментот кога ја зафати топката по одбраната од гостинскиот голман.
Гостиварци се незадоволни и од, според нив, неспортската реакција на градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев…
„Навистина зачудувачко однесување на еден градоначалник со такви гестикулации кон службените лица и кон противничкиот табор!? А неговиот тим постигна сосема нерегуларен гол. Ниту најмала спортска коректност и култура“ – ни изјавија по мечот од редовите на Гостивар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

