И најмладите, заедно со Филип Талевски, македонски репрезентативци Марко Нелоски и Стефан Дрогришки го почуствуваа првиот свој гол на Мундијалот во Франција.
Марко Нелоски, кој е најмладиот наш ракометар во Франција со само 20 години, долго го чекаше својот прв погодок на Светското првенство. Нелоски одигра повеќе од 60 минути на трите досегашни натпревари, за да конечно се запише во листата на стрелците на денешниот дуел со Словенија, во онака, за него, препознатлив стил…
22-годишниот Стефан Дрогришки, пак, одигра досега 22 минути. Својот деби гол во Франција го постигна веднаш откако за првпат влезе во игра против Словенците. Левиот век, на крајот, мечот го заврши со два гола…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА