ВИДЕО: И со девет играчи на терен – Тиквеш во 91. минута до реми со Гостивар

Во Кавадарци вистинска прволигашки натпревар со „сите нишан“ во 13. коло од ПМФЛ. Тиквеш, и покрај тоа што имаше негатива и од 0-2, и покрај тоа што имаше и двајца исклучени фудбалери во 71. и во 88. минута, на крајот со гол во 91. минута успеа да дојде до 2-2 и бод во пресметката против Гостивар.

Гостиварци дојдоа до водство благодарение на голот на Џелил Абдула во 12. минута кој следеше по феноменално изведениот слободен удар од 25 метри на Алпер Потук.

Во 33. минута главниот судија се одлучи да досуди крајно сомнителен пенал за гостите, се чини непостоечки ако се погледне дека немаше директен контакт меѓу двајцата фудбалери, а дефанзивецот на Тиквеш се обиде да ја исфрли топката од свое поле.

Но, и кај домашната публика која почна со шишиња да фрла на терен и кон помошниот судија, поради што натпреварот мораше да биде прекинат. Интересно, на терен втрча и градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев кој сепак беше смирен од капитенот на Тиквеш, Даниел Мојсов и од голманот Димовски. Па, натпреварот за кратко продолжи…

До крајот на полувремето, Тиквеш успеа да ја ублажи предноста на гостите со голот на Спахиу во 38. минута од средбата.

А, кога се чинеше дека Гостивар ќе победи, посебно откако во 71. минута и во 88. минута беа исклучени двајца фудбалери на Тиквеш, во 91. минута одлична акција на домашните која беше крунисана со голот на Ивановски за 2-2.

Се вчитува...