ВИДЕО: И трет гол за Цветаноски сезонава во дресот на Железничар

Македонскиот интернационалец Матеј Цветаноски стрелеше во дресот на Железничар, во ремито 3-3 на домашен терен против Широки Бријег во шампионатот на БиХ.

Цветаноски погоди во 42. минута од средбата, во тие моменти за намалување на предноста на гостите од 2-3. Во второто полувреме, Железничар успеа да израмни и за конечни 3-3.

За македонскиот фудбалер ова е трет гол сезонава во дресот на Железничар.

Се вчитува...