Европа секако многу добро знае кој е Златан Ибрахимовиќ… Но, сега добро го запознава и САД. Од доаѓањето во ЛА Галакси, Швеѓанецот е централна тема на поголемиот дел спортски разговори.
Средба со популарниот Ибра синоќа имаат и НХЛ хокеарите од ЛА Кингс, кои пред мечот со Минесота добија лекција по жонглирање…
When a soccer superstar wants to juggle with you, you don’t turn him down.
Come see @Ibra_official with the @LAGalaxy this Sunday for LA Kings Night >> https://t.co/i3VVyFbIRA pic.twitter.com/BkXWhVuw3q
— LA Kings (@LAKings) April 6, 2018
„Кога фудбалска ѕвезда ќе посака да жонглира со тебе, не го одбиваш“ – напишаа хокеарите на Кингс, заедно со објавеното видео од средбата со Ибрахимовиќ.
А, колкав хаос предизвика доаѓањето на Ибра во САД, посебно и по оној прекрасен погодок во дебито, потврдува и податокот дека добар дел од фудбалските аналитичари ја преименуваа МЛС лигата, во МЛЗ лига, секако во чест на Златан.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА