Бесарт Ибраими го замолкна Тетово носејќи предност од 0-1 за Струга ТЛ на гостувањето против Шкендија во дербито на претпоследното коло во Првата македонска фудбалска лига кое треба да го одлучи во голема мера и новиот македонски шампион.
Во мега-пресметката меѓу двата водечки тима Струга ТЛ дојде до водство со прекрасниот гол на Ибраими во 42. минута од натпреварот.
А, гол на шестте денешни натпревари по првите 45 минути има само уште во Кратово каде Вардар води со 0-1 против Силекс.
Вардар и тоа како е желен и за директен опстанок во Првата македонска фудбалска лига. А, низ таа желба, црвено-црните денеска атакуваат на победа на гостувањето против Силекс во Кратово. И по само 10 минути игра, „вардарци“ дојдоа до предност од 0-1 благодарение на голот на Филип Дурански.
На Вардар секако ќе му биде потребен и пораз на АП Берара на гостувањето против Шкупи во Чаир, ако сака во последното коло да се надева и на директен опстанок во елитата.
ПРВА ЛИГА – 32. КОЛО (прво полувреме)
Тетово: ШКЕНДИЈА – СТРУГА ТЛ 0-1
Ибраими 44′
Гостивар: ГОСТИВАР – РАБОТНИЧКИ 0-0
Скопје: МАКЕДОНИЈА ЃП – БРЕГАЛНИЦА 0-0
Кратово: СИЛЕКС – ВАРДАР 0-1
Дурански 10′
Скопје: ШКУПИ – АП БРЕРА 0-0
Кавадарци: ТИКВЕШ – ВОСКА СПОРТ 0-0
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА