Шкендија има водство од 2-0 против велшкиот шампион ТНС по првото полувреме во првиот натпревар од стартното квалификациско коло за Лигата на шампионите.
„Црвено-црните“ дојдоа до предност од 2-0 со убавиот погодок на Бесарт Ибраими кој прецизно шутираше од 15 метри, откако претходно мајсторски беше проигран од Арменд Алими…
Претходно, Шкендија дојде до водство од 1-0 со голот на Изаир Емини во 14. минута, а на асистенција на Ибраими.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА