ВИДЕО: Игуаин тотално „полуде“ по црвениот картон – Надвор од секаква контрола

Најдобриот напаѓач на Милан, Гонзало Игуаин ги загуби нервите во финишот на средбата со Јувентус на „Сан Сиро“ на кој неговиот тим загуби со 0-2.

Игуаин промаши пенал во 41. минута, а потоа беше сведок на водството на „Старата дама“ што очигледно ја засили нервозата кај него, па откако во 83. минута доби жолт картон за груб старт, веднаш потоа доби и втор жолт и исклучување поради приговор кон судијата.

Па, по сето тоа тотално „полуде“. Се чинеше како да сака да се пресмета со сите на теренот почнувајќи од судиите, преку противничките фудбалери па на крај и со своите соиграчи… Но, на крај се смири.

Факт е дека Игуаин посакуваше победа против поранешниот свој клуб. Сето тоа очигледно влијаеше и на однесувањето на теренот.

Се вчитува...