Ракометарите на Вардар дојдоа до својата 15-та титула во Купот на Македонија откако во финалната пресметка во инфаркт завршница со огромен пресврт во последните минути славеа со 23-22 против лутиот ривал Еурофарм Пелистер.
А, најзаслужниот за новата титула на „вардарци“ е никој друго туку Филип Талески кој игра феноменална сезона во црвено-црниот дрес.
Талески буквално во последната секунди испрати вистински „проектил“ од 10 метри во самиот агол од голот на „пелистерци“ за голема радост и славје на сите негови соиграчи и „Комитите“ среде Кавадарци…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА