Алкалоид и Бутел одиграа драматичен натпревар во осминафиналето од Купот на Македонија, во кој ракометарите на Алкалоид буквално во последната секунда славеа со 25-24 над скопскиот ривал. Херој беше репрезентативецот Мартин Серафимов, кој го постигна победничкиот гол, и тоа од цепелин на асистенција на Иван Џонов, на две секунди до крајот, за огромна радост на домашните фанови во салата „Автокоманда“.
Претходно, пак, Бутел ја имаше меч-топката, но Манасков шутираше силно во гредата, оставајќи им на домаќините девет секунди за последен напад.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА